СЕРТИФИЦИРАНИ ГЕШТАЛТ ПСИХОТЕРАПЕВТИ

Тема: Доделување на сертификати на прва генерација сертифицирани Гешталт психотерапевти

​Тренери: Снежана Андреева, Радмила Манчевска

Септември 2014 година 7 психолози го завршија постдипломското специјалистичко усовршување по Гешталт советување и психотерапија и се стекнаа со звање ГЕШТАЛТ ПСИХОТЕРАПЕВТ.

ЛЕТНА РАБОТИЛНИЦА – ГОЛАК 2014

Тема: Бесот и работа со бесот во Гешталт терапијата 

​Водители: Снежана Андреева, Радмила Манчевска, Лидија Попчева, Јаворка Постолова

На Летната работилница учествуваа едукантите од прв и втор степен од ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР ,,Младен Костиќ“ АСПЕКТИ, Скопје.

Со оглед на поволните временски услови на задоволство на сите учесници, работата во поголем дел се одвиваше на отворено во природа.

Gestalt in expressive arts therapy“

Skopje/Makedonija 25 – 27,April 2014.

mr.sc. Velimir Dugandžić, prof. ECP,ECGT

Употребата на уметничките форми во терапијата, психотерапијата и исцелувањето е позната од далечното минато на австралиските, афричките и јужноамериканските племиња и ритуали со експресивни карактеристики кои ги практикувале древните народи. Денес  арт терапијата е застапена како принцип во различни психотераписки и теориски модалитети во кои Гешталтот има особено значајно место токму поради своите длабоки теориски и искуствени основи во хуманистичкото движење и идеата за креативна експресија/адаптација во даденото поле.

Учесниците  на семинарот имаа можност да ги научат основите на теоретското поимање на експресивната арт терапија и да експериментираат со интермодални аспекти, искуства и процеси во Гешталт психотераписката рамка низ различни форми на уметничко истражување. Во текот на еден викенд учесниците процесно ќе експериментираат во различни арт форми при тоа поврзувајќи  низ концептите карактеристични за  Гешталт терапијата, а тоа се: холизмот, свесност, сега и овде, фигура и позадина, прагнанза и поларитети.

СУПЕРВИЗИСКА РАБОТИЛНИЦА СО МЛАДЕН КОСТИЌ – ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР БЕОГРАД

08 и 09 март 2014 

Тема: „ГЕШТАЛТ ПРИСТАП ВО РАБОТА НА СОНОВИТЕ“

СОНОВИТЕ претставуваат спонтана експресија на егзистенцијата на човековото битие. Можеме да кажеме дека се точка на влез во внатрешниот свет на човекот, во неговата длабока интуитивна мудрост и го потикнуваат чувството за поезија и симболика. Контактот со соновите може многу да го оживее, да го продлабочи и да освести значајни аспекти од  човековото функционирање.

Според Фриц Перлс соновите се “кралскиот пат кон интеграција на личноста“, мислејќи на повторно усвојување на порано отуѓените делови на личноста. Според него во текот на работата со соновите треба да имаме во предвид дека соновите имаа повеќе значења и тоа:

  • Соновите како проекција

  • Соновите како интерсубјективна комуникација

  • Соновите како егзистенцијални пораки и како водичи

Младен Костиќ, пионерот на Гешталт терапијата на Балканот во дводневна работилница покажа еден богат искуствен, доживувачки и гешталтистички пристап во работата на сонот на едукантите од 2 и 4 година.

ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА ПСИХОДИЈАГНОСТИКА

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АСПЕКТИ – ИНСТИТУТ ЗА КРЕАТИВЕН РАЗВОЈ ЕДУКАЦИЈА И ПСИХОТЕРАПИЈА

Обуката за Психодијагностика – примена на психодијагностички тестови, техники и задачи, наменета е за дипломирани психолози, студенти по психологија кои се во завршна години од студирањето, психолози кои се вработени и  сакаат да го усовршат своето знаење во областа на клиничката психологија и психодијагностиката, психолози кои сакаат да работат психотерапија, а кои имале малку пракса или воопшто немале пракса од клиничка психологија и психодијагностика.

Психодијагностиката е гранка на клиничката психологија која се занимава со испитување на поединецот (случај) со помош на психолошки средства: разговор, тестови, техники, скали, како и психолошка процена на состојбата и способностите на личноста врз основа на постигнатите резултати и стручната интерпретација. Со психодијагностиката се испитуваат психолошките особини кои се карактеристични за индивидуалната, групната и социјалната патологија и е еден од начините за проценување и испитување на психопатологијата. Психодијагностиката во голема мерка придонесува за критично разграничување на релација: нормална-патолошка состојба, или однесување. Таа е и погодно помошно средство во давање на проценка, и е најопфатен и најкомплексен начин за психолошко испитување на поединецот. Централен поим во психодијагностиката е личноста, кој го опфаќа однесувањето на поединецот, структурата, феноменологијата и динамиката на личноста, во контекст на микросредината, општеството и културата.

Во текот на едукацијата едукантите ќе се стекнат со искуство и знаење за примена и интерпретација на добиените резултати  со помош на психолошки тестови, техники и задачи (проценка на психоорганицитет, проценка на психопатологијата, проценка на личноста на испитаникот), како и ќе се здобијат со знаење и искуство во пишување на Психолошки наод и мислење за клиенти.

WORKSHOP: Body дијагностика во Гешталт психотерапија

mr.sc. Velimir Dugandžić, prof. ECP,ECGT 4, 5 и 6 ОКТОМВРИ, Скопје

Од самите почетоци на развојот на Гешшталт психотерапиајта неговите основачи го освестиле и го прифатиле емпириското значење на холизмот во тераписката работа со луѓето и тоа особено преку значајноста на работата со телото и психата, чии темели ги поставил  Wilhelm Reich (еден од првите аналитичари на Fritz Perls во  неговот тековен тренинг во психоанализата), и идеата за функционалното единство на телото и психата во даденото поле. Гешталт терапијата како хуманистичка ориентирана психотерапија, а со тоа и дијагностиката отсекогаш барала поинакви начини на опишување на потешкотиите со кои клиентот доаѓа на терапија, а кои се однесувале на истражување на капацитетите и можностите на развојот на секоја индивидуа. Еден дел од интегративноста во гешталт психотерапијата се врзува за телесната дијагностика во еволуцијата на работата на W. Reicha и Alexander Lowen  како пионири на телесната психотерапија до современите хуманистички и интегративно ориентирани автори како што се: Stanley Keleman, Stephen O.Johnson и Michael Soth се до ралационо телесно психотерапискиот пристап на современата Chiron asocijacije за телесна психотерапија од Лондон.

Во текот на три дена интензивен тренинг учесниците теориски ќе научат за: eтиологијата на карактерните стилови и телесната дијагностика како што ја разбираат Wilchem Reich,  Aleksandar Lowen и Stanley Keleman преку конкретни техники и искуствено доживеани современи начини на работа во психотерапијата и дијагностиката како неизбежен капацитет во холистичката психотераписка парадигма. Од позиција на учеснисник низ теоријата и искуството ќе научите како е да си дел од динамиката која е силен предуслов за опсесивни/ригидни, мазахистички, шизоидни, орални, психопатски структури и карактерни стилови според A.Lowenu до сегментните блокади и карактерни структури според Reichu и како е можно да се набљудуваат од пресилно поврзани, преслабо поврзани, нарушени и ригидни телесни структури според Stanley Kelemanu кој нас не потсетува:

“human relationships are a dynamic emotional process sustaining and expressing morphology.”

Mr.sc.Velimir Dugandžić, prof.,ECP има повеќегодишно искуство во советување и превенција во психотраписката работа со деца, млади и семејства како и во едукација и супервизија на стручни помагачки занимања. Тој е сертифициран психотерапевт, лиценциран супервизор во психосоцијаната работа и тренер со меѓународно искуство, со Европски сертификат од Гешталт психотерапија (ECGT/EAGT) и Европски сертификат од психотерапија (ECP/EAP). Велимир Дуганчиќ е претседател на Друштвото за Гешталт и интегративни терапевти на Хрватска и полноправен член на здружението за супервизија и организациски развој.  Тој  едуциран од подрачјето на интегративна гешталт психотерапија, систематска психотерапија, хипнотерапија, интегративна рационална телесна психотерапија, Time line terapije  и Систематски Гешталт Коучинг. Континуирано е во процесот на психотераписката супервизија на својата работа од 2010 од асистентот Toma Warneckea (UKCP/EABP) во u CPD едукацијата од Рационално интегративната телесна психотерапија во Загреб и од 2013 надворешен тренер на  IGW Институтот за Интегративна гешталт терапија од  Wurzburga/Deutchland.  Моментално е вклучен во двегодишна напредна програма од Clinical Expressive Arts Therapy 2012-2014  што ја спроведува  Avi Goren Barr PhD. од Израел.  Со психотерапија и супервизија се занимава  15 години, а последните пет години во рамките на приватна пракса во Dugan d.o.o. за поттикнување на лични, семејни и организациски потенцијали во Вараждин и Загреб.

EAGT – Европска конференција за Гешталт терапија

​Снежана Андреева, Краков, 2013

Од 20 до 22 Септември се одржа 11 ЕАГТ конференција во Краков, Полска. Учесници имаше од цела Европа и претставници од УСА. Од Македонија имаше 4 преставници. Значајно за нас беше што оваа година бевме преставени со нашето уставно име, на радост на сите нас. Во три дена имаше бројни предавања, работилници и пленарни седници, презентасија на книги и работни матерјали во Гешталт терапијата. Учесниците имаа можност да избраат учество на бројните работилници. Краков е прекрасен град со големи туристички можности.

Проект на општина Карпош

„Тренининг на наставниците од основните училишта за справување со ученици кои имаат емоционални проблеми“
Тренери: Снежана Андреева, Вера Димовска, психотерапевти

Заврши проектот на тема: „Тренинг на наставниците од основните училишта за справување со ученици кои покажуваат емоционални проблеми“. Проектот е подржан од Општина Карпош, а спроведувач е АСПЕКТИ, Институт за креативен развој, едукација и психотерапија, Скопје со врвни стручни лица – психолози/психотерапевти, едукатори и тренери. Тренингот се одвиваше преку Гешталт работилници, искуствено и интерактивно, каде наставниците беа ставени во ситуација на свесност за контакт со себе, спознавање на сопственото однесување, свесност за своите чувства, потреби, начин на комуникација. Спознавајќи се себе си тие полесно ќе ги препознаат, идентификуваат, разберат потребите, емоциите и однесувањето на своите ученици. Потоа се запознаваат со карактеристиките на децата кои покажуваат емоционални проблеми и усвојување на техники за справување со нив со цел развивање на позитивна емоционална клима во училница кон подобар успех. Во проектот се опфатени сите 10 училишта на територијата на Општината или 11 групи, каде во ОУ „Димо Хаџи Димов беа формирани 2 групи. Во секое училиште беше формирана група од 12 до 20 наставници. Проектот беше одлично прифатен од наставниците и директорите на сите училишта, интересот огромен за учество во работилниците, а работата на тренерите од наставниците беше одлично оценета со препорака проектот да продолжи и во иднина.