Улогата на мајчинство може да изгледа застрашувачка, кога денес од една просечна жена се очекува да биде беспрекорна на сите полиња-во љубовта, во кариерата, во бракот, мајчинството, пријателството, да биде образувана, енергична, убава и згодна, интересна, романтична. Ваквото тежнеење кон перфекционизам, доколку жената не се чувствува подготвена за мајчинската улога, плашејќи се дека нема да ги задоволи потребите на детето, па и своите, може да доведе до активирање на оддбрамбените механизми и да реагира со нервоза, страв, проектирање, повлекување, несигурност, депресија и други симптоми кои се резултати на стрес