Психотерапија

Психотерапија и Советување

Психотерапија 

  • индивидуална
  • во парови
  • семејна

Психотерапијата представува метода за поттикнување на натамошниот развој на потенцијалите на личноста, нејзино добро запознавање на себеси , проширување на нејзината свесност и постигнување на чувство на исполнетост и креативност. Како тераписки пристап кој овозможува решавање на секојдневните животни потешкотии на здравите личности, психотерапијата може да се примени во сите области на човековото живеење со што се овозможува полесно разрешување на одредени психолошки збиднувања во личноста и во односот со светот кој ја опкружува.

Индивидуално советување и психотерапија во разрешување и надминување на проблемите поврзани со:

  • Семејни и брачни конфликити и недоразбирања;
  • Проблеми во партнерските врски и комуникацијата со другите луѓе;
  • Ниско самопочитување, несигурност, незадоволство со себе и желба за промена;
  • Анксиозност и стравови;
  • Пореметување на спиењето, несоница, често будење, кошмарни соништа и сл.;
  • Депресивност и осаменост;
  • Панични напади;
  • Проблеми со учењето и завршување на започнатите работи;
  • Трауматски доживувања;
  • Животни кризи;
  • Тешкотии во конролата на сопственото однесување и изразувањето на емоциите;
  • Психосоматски пореметувања.

Групна работа

  • Искуствени групи
  • Развојни групи
  • Тераписки групи

Групната работа во Гешталт или во работилница им помага на луѓето да ги унапредат своите начини на соочување со проблемите. Меѓутоа овде освен со терапевтот лицето се сретнува и со група луѓе. Групната работа е насочена кон интеракција помеѓу членовите на групата, па според тоа е посебно добра за оние кои имаат проблеми во социјалните контакти, поврзани со интимноста, довербата, самодоверба и сл.

Интеракциите во групата се исполнети со повратни информации кои и помагаат на личноста кога е нарушено нејзиното функционирање.

Тераписката групна работа е наменета за поединци кои се заинтересирани за работа на себе, поради надминување на одредени психолошко-емоционални потешкотии или поради личен раст и развој.

Една групна тераписка работа на своите членови им нуди можности да ги истражуваат своите лични прашања, со подршка на групата, кои исто така се заинтересирани за разбирање и спознавање на себе си.

Едукација и Тренинг

Гешталт советување и психотерапија

Едукацијата се спроведува според програмата и критериумите на ЕАГТ (Европска Асоцијација за Гешталт терапија).

Во реализација на програмите вклучени се:

  • психотерапевти со лиценца за психотерапија и Европски сертификат за Гешталт психотерапија и надворешни соработници од европски институти
  • Супервизори – домашни и странски

ТРЕНЕРИ

  • м-р Снежана Андреева, гешталт психотерапевт
  • м-р Радмила Манчевска, гешталт психотерап.
  • Лидија Попчева, гешталт психотерапевт
  • Вера Димовска, гешталт психотерапевт

СУПЕРВИЗОРИ

  • Младен Костиќ од Гешталт Центар Белград
  • м-р Велимир Дуганчич, ДУГАН, Хрватска 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *