СУПЕРВИЗИСКА РАБОТИЛНИЦА СО МЛАДЕН КОСТИЌ – ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР БЕОГРАД

СУПЕРВИЗИСКА РАБОТИЛНИЦА СО МЛАДЕН КОСТИЌ – ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР БЕОГРАД

08 и 09 март 2014 

Тема: „ГЕШТАЛТ ПРИСТАП ВО РАБОТА НА СОНОВИТЕ“

СОНОВИТЕ претставуваат спонтана експресија на егзистенцијата на човековото битие. Можеме да кажеме дека се точка на влез во внатрешниот свет на човекот, во неговата длабока интуитивна мудрост и го потикнуваат чувството за поезија и симболика. Контактот со соновите може многу да го оживее, да го продлабочи и да освести значајни аспекти од човековото функционирање.

Според Фриц Перлс соновите се “кралскиот пат кон интеграција на личноста“, мислејќи на повторно усвојување на порано отуѓените делови на личноста. Според него во текот на работата со соновите треба да имаме во предвид дека соновите имаа повеќе значења и тоа:

Соновите како проекција

Соновите како интерсубјективна комуникација

Соновите како егзистенцијални пораки и како водичи

Младен Костиќ, пионерот на Гешталт терапијата на Балканот во дводневна работилница покажа еден богат искуствен, доживувачки и гешталтистички пристап во работата на сонот на едукантите од 2 и 4 година.

Контакт

Адреса

ул. Мајка Тереза 44 (поранешна ул. Водњанска), 1000 Скопје, Македонија

Телефон

+389 71 878 706
+389 70 360 432

Работно време

Работно време
9:00AM - 05:00PM

Loading
Your message has been sent. Thank you!
Loading
Грешка
Испретео