Гешталт психотерапија
- индивидуална
- во парови
- семејна
Психотерапијата представува метода за поттикнување на натамошниот развој на потенцијалите на личноста, нејзино добро запознавање на себеси , проширување на нејзината свесност и постигнување на чувство на исполнетост и креативност. Гешталт како психотераписки пристап овозможува решавање на секојдневните животни потешкотии на здравите личности и личности со одредени ментални проблеми. Психотерапијата може да се примени во сите области на човековото живеење со што се овозможува полесно разрешување на одредени психолошки збиднувања во личноста и во односот со светот кој ја опкружува.
Индивидуално советување и психотерапија во разрешување и надминување на проблеми поврзани со:
- Семејни и брачни конфликити и недоразбирања;
- Проблеми во партнерските врски и комуникацијата со другите луѓе;
- Ниско самопочитување, несигурност, незадоволство со себе и желба за промена;
- Анксиозност и стравови;
- Пореметување на спиењето, несоница, често будење, кошмарни соништа и сл.;
- Депресивност и осаменост;
- Панични напади;
- Проблеми со учењето и завршување на започнатите работи;
- Трауматски доживувања;
- Животни кризи;
- Тешкотии во конролата на сопственото однесување и изразувањето на емоциите;
- Психосоматски пореметувања.
Групна работа
- Групи за личен раст и развој
- Групи за поддршка
- Тераписки групи
Групната работа во Гешталт работилница им помага на луѓето да ги унапредат своите начини на соочување со проблемите. Меѓутоа, овде освен со терапевтот лицето се сретнува и со група луѓе. Групната работа е насочена кон интеракција помеѓу членовите на групата, па според тоа е посебно корисна за оние кои имаат проблеми во социјалните контакти, поврзани со интимноста, довербата, самодоверба и сл.
Интеракциите во групата се исполнети со повратни информации и меѓусебна поддршка што и помагаат на личноста да согледа дека и другите се соочуваат со слични животни ситуации.
Тераписката групна работа е наменета за поединци поради надминување на одредени потешкотии во менталното здравје.
Групната работа на учесниците им нуди можности да ги истражуваат своите лични прашања, со подршка на групата, кои исто така се заинтересирани за разбирање и спознавање на себе си.
Едукација и Тренинг
Гешталт советување и психотерапија
Едукацијата се спроведува според програмата и критериумите на ЕАГТ (Европска Асоцијација за Гешталт терапија). Програмата се реакредитира на 5 (пет) години.
Во реализација на програмите вклучени се:
Психотерапевти со лиценца за психотерапија и Европски сертификат за Гешталт психотерапија и надворешни соработници од Европски институти
Супервизори и надворешни експерти и соработници.
ТРЕНЕРИ
м-р Снежана Андреева, гешталт и ЕМДР психотерапевт, супервизор
м-р Радмила Манчевска, гешталт психотерапевт, супервизор
Лидија Попчева, гешталт психотерапевт, супервизор
М-р Сема Халили, гешталт и ЕМИ психотерапевт
Д-р Мирослав Пендаровски, гешталт психотерапевт, семејни констелации
СУПЕРВИЗОРИ
м-р Велимир Дуганчич, ДУГАН, Хрватска