ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „МЛАДЕН КОСТИЌ“

Психотерапија
Психолошко советување
Едукација и тренинг
КОИ СМЕ НИЕ?

ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР Младен Костиќ-АСПЕКТИ, Скопје е основано во Јануари 2010 година.

Од почетоците до сега постојано бројот на членовите и едукантите се зголемува. Така броиме над 120 едуканти, членови и професионалци за психолошко советување и психотерапија.
НАШИ УСЛУГИ

Како работиме со нашите клиенти

avatar

Индивидуална психотерапија и психолошко советување

Индивидуалната работа на клиентите со психотерапевтот се одвива преку индивудуални сеанси во кои се третираат животни проблеми и предизвици од животот и комуникацијата.

parental-control

Семејна психотерапија

Семејната психотерапија е систематски терапевтски модел кој вклучува работа со семејството.

couple

Психотерапија за парови

Психотерапијата или советувањето со партнер е наменето за парови кои имаат потешкотии во нивната релација.

monitor

Online советување

Психотерапија преку интернет апликации (Viber, WhatsApp, Messinger и др)... Психотерапевтот или психологот најчесто користи апликации кои овозможуваат визуелен и аудитивен контакт.

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Вредности кои нашата ГО ги практикува и промовира

01

Хуманистички пристап кон личноста

02

Почитување и толеранција на различноста и индивидуалноста

03

Прифаќање и разбирање на личноста

04

Почитување на право за дискреција на лични иформации

05

Отвореност, јасност и дирекност во комуникација

06

Емпатија и сочувство

07

Секој има право да бара и добие психосоцијална поддршка и помош

08

Поттикнување за личен раст и развој

09

Унапредување на професионалната компетентност

10

Промовирање на психолошките практични знаења и вештини

ЗОШТО ПСИХОТЕРАПИЈА

Психотерапија и Советување

ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ СЕ ПОЧУВСТВУВАЛЕ БЕСПОМОШНИ ВО СПРАВУВАЊЕ СО СВОИТЕ ПРОБЛЕМИ?
Ако е така, вие не сте единствени! Повеќето луѓе кои доаѓаат кај психотерапевт се стабилни личности кои повеќе или помалку нормално функционираат во секојдневниот живот, а психотерапијата им претставува помош и поддршка во некоја животна криза ... или пак кога човекот сака да си го поправи квалитетот на својот живот, да расте и да се развива. Психотерапија (или терапија преку дијалог) е фокусирана на вашите актуелни мисли, чувства, однесување и животни прашања. Фокусирајќи се на минатото може да ви помогне во објаснувањето на некои доживеани искуста од вашиот живот, но фокусирајќи се на сегашноста ќе ви помогне да се справите “овде и сега“ и ќе ви овозможи подготовка за иднината.

Можеби на почетокот од третманот ќе се гледате почесто со вашиот терапевт, а подоцна ќе научите вештини како сами да се справувате со новите животни предизвици.

Една од клучните цели на психотерапијата е да ви помогне во вашата промена кон подобро разбирање и одговарање на прашањата со кои се измачувате. Исто така ќе ви овозможи да изнајдете начини како да си помогнете, со користење на нови методи и вештини и ќе се оспособите подобро да се справувате со идните предизвици..

ТИМ

Запознајте не

M-р Снежана Андреева

Kлинички психолог, гешталт и ЕМДР психотерапевт, супервизор и тренер во ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“АСПЕКТИ, Скопје.  Во 2010 година го основа и активно работи како психотерапевт и тенер во тренинг институтот на АСПЕКТИ – Гешталт Центар „Младен Костиќ“  каде води  едукативни групи за Гешталт психотерапија како и групи за поддршка. Целиот свој професионален век активно е вклучена во многу проекти и  сите кризни состојби во Македонија како волонтер-психолог/психотерапевт. Член на Национално гешталт здружение Контакт од 2008 година. Се стекна со Лиценца за психотерапија од Кормората за психолози во 2009 година. 2012 година стекна сертификат од Европска асоцијација  и беше национален преставник за Македонија во ЕАГТ. Беше на повеќе функции во Комората на психолози и ЕМДР Македонија. Организатор е на три Гешталт конгреси во Македонија. Има повеќе публикации и прирачници во областа  на менталното здравје како и една напишана книга во 2012 г: „Позитивна комуникација во развојот: прирачник за родители и воспитувачи“. Работи како психотерапевт, тренер и супервизор. Од 2022 година е овластен супервизор од Комората на психолози. Надворешен соработник на Гешталт Институт IGW Загреб, Хрватска. 37 годишно работно искуство во областа на психологијата, психотерапија со индивидуалци, парови и семејства.

Контакт: +389 70 878 706 (Viber, WhatsApp)
E-mail: a_snezana@hotmail.com

Лидија Попчева

Лидија Попчева, психолог, гешталт психотерапевт, сениор тренер и супервизор. Од 2012 година работи како психотерапевт, тренер и супервизор во Гешталт Центар Младен Костик , АСПЕКТИ. Член на Националното гешталт здружение Контакт од 2008 година. Посебна лиценца од Комората на психолози на РМ од 2009 година. Сертифицирана од Европската асоцијација за гешталт терапија (ЕАГТ) од 2013 година. Надворешен тренер на IGW Загреб од 2017 година. Сертифициран супервизор од Комората на психолози на РМ од 2022 година. Организатор на три Гешталт конгреси во Македонија. Покрај формалното образование, стекнува значителна едукација преку обуки и работилници, примарно во областа на Гешталт терапијата како и во областа на телесната психотерапија и неорајхијанска психотерапија. Повеќе од 25 години води приватна пракса за психотераписка и едукативна дејност од областа на гешталт психотерапијата. Работи индивидуално, со парови и семејни системи. Последните години координатор на повеќе проекти од областа на психо-социјалната заштита и менталното здравје.

Контакт: +389 70 273 535 (Viber)
E-mail: lidijapopceva@yahoo.com

М-р Радмила Манчевска

М-р.Радмила Манчевска е лиценциран психолог, гешталт психотерапевт и магистер по клиничка и советодавна психологија. Поседува посебна лиценца за вршење на психолошка дејност во областа на образованието и лиценца за вршење на психотерапија, а истовремено е и сертифициран гешталт психотерапевт од страна на Европската асоцијација за гешталт терапија – ЕАГТ, Од 2022 година е овластен супервизор од Комората на психолози. Има 30 години работно искуство како училишен психолог во средно образование, а од 2010 година активно работи и како тренер, а подоцна и како супервизор на едукативните групи во Гешталт Центар „Младен Костиќ“- Аспекти, таа е и раководител на подружница Аспекти – исток, во рамките на која активно работи како гешталт психотерапевт индивидуално, но и во работа со групи за личен раст и развој, пред се во источниот регион на Македонија, истовремено е и соработник на платформата за психолошко советување „Разговори.МК“, “Stela“ и „Pechаrmy.mk“. Има издадено неколку научни публикации поврзани со стресот и професионалното согорување кај наставниот кадар. Како тренер и член на управниот одбор на Гешталт Центар „Младен Костиќ“- Аспекти, активно е вклучена во спроведување на голем број проекти и активности поврзани со превенција и унапредување на менталното здравје во соработка со поголем број на невладини организации и државни институции (локални самоуправи и училишта) со Црвен Крст на РМ, Цивика Мобилитас, Отворена порта“, ПДАС Меѓаши, УНДП, ЦСР и АВРМ.

Контакт: +389 75 474 626 (Viber,WhatsApp)
Е-маил: manchevskar@yahoo.com

М-р Сема Халили

Лиценциран психолог со посебна лиценца во областа на здравје и психотерапија од Комора на психолози во РСМ, член на Комора на Психолози во РСМ. Магистер по клиничка психологија. Гешталт психотерапевт и тренер со европски сертификат од EAGT (Европска Асоцијација на Гешталт Терапија). Сертифициран ЕMI Practicioner (Eye Movement Integration Therapy) и Психотрауматолог од EMI ITALY. Основач и претседател на Здружение на психолози, советувачи и психотерапевти КОРТЕКС Тетово. Менаџер на брендот „ЕMI North Macedonia“. Членка на ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВО, ангажирана како психотерапевт и лице за застапување. Психотерапевт во Здружение за лица со ретки болести „Life of Challange“ Скопје, обезбедува психолошка поддршка, советување и психотерапија на лица со ретки болести. Надворешен соработник во EMI ITALY и член на здружение на психотерапевти на диаспора во Италија. Член на MAGT и Национално гешталт здружение Контакт. Долгогодишната практична работа ја стекнува во КОРТЕКС, како психотерапевт-тренер, работи индивидуална и групна терапија. Тренер за Гешталт Терапија во тренинг институтот АСПЕКТИ – Гешталт Центар „Младен Костиќ“ Скопје – води едукативни групи и обучува психолози и професионалци од хуманистички правци за Гешталт терапија. Води и организира обуки и семинари од областа на менталното здравје. Раководи со проекти од областа на родово базирано и семејно насилство.

Контакт: +389 70 421 150
E-mail: semahalili9@gmail.com

Мирослав Крстев Пендароски

Мирослав Крстев Пендароски е доктор на науки, лиценциран психолог, Свропски сертифициран гешталт психотерапевт, фацилитатор за семејни констелации и Европски сертифициран тренер на тренери за психосоцијална рехабилитација. Претседател е Центарот за психологија, психотерапија, советување и едукација СОВРШЕН КРУГ од Скопје и автор на многу пишани и практични дела во областа на научната и популарната психологија. Редовен професор е на Меѓународен Славјански Универзитет – Св. Никола, на факултетот за психологија, каде што предава група предмети. Пендароски има објавено над 60-тина научно-стручни трудови и седум книги и учебници. Автор е на оригинален метод за работа со сонови – “Метод на линија на помал отпор”, кој е признат и објавен од едно од најреномираните списанија специјализирани за работа со сонови – International journal of dream research (impact factor) Покрај со академската психологија, Пендароски се занимава и со применета психологија и психотерапија во индивидуален и групен сет со особен акцент на групната работа. Истражува некои длабоки теми од областа на психологијата: психологија на соништата, психотерапија, личност, групна работа итн.
Контакт: +389 76 566 109 (Viber)
E-mail: m.pendaroski@yahoo.com

Velimir Dugandžić, Ph.D.

Вараждин, Хрватска
Сертифициран гешталт психотерапевт и супервизор. Со психотерапија се занимава од 2006 година. Лиценциран супервизор за психосоцијална работа, тренер со меѓународно искуство со европски сертификат за психотерапија (ЕАП) и полноправен член на Хрватската комора на психотерапевти со лиценца за психотерапија. Постдипломското образование го завршил по гешталт психотерапија според програмата на Германскиот институт за гешталт терапија IGW Wurzburg (2004-2008). Релациониот пристап во гешталт психотерапија завршува во САД на Пацифичкиот гешталт институт во Лос Анџелес каде студирал со д-р Гери Јонтеф, д-р Лин Џејкобс. и д-р Рич Хихнер. (2014 – 2019) и во Лондон (Велика Британија) во организација на Центарот за студии за движење – програма за развојна соматска психотерапија (предводена од м-р Хелена Калер. (2023-2024). Во рамките на програмата на Istituto di Gestalt HCC Human Communication Centre Italy (2021-2022) и Instituta L’IpsiG – Gestalt Turin School of Psychopathology завршува „Феноменолошка-гешталт психопатологија. Работи како тренер, супервизор и водач на едукативни групи за гешталт терапија во Хрватска и во странство (Австрија, БиХ, Македонија, Турција, Израел). Тој е надворешен тренер и соработник на Гешталт Институтот Аспекти од Скопје, Република Северна Македонија (од 2010 година) и Гешталт Институтот IGW Германија (од 2016 година) и е косопственик на IGW Центарот Загреб – Гешталт Центар Загреб. Тој е поранешен претседател на Друштвото на гешталт и интегративни психотерапевти на Хрватска (2011-2018). Работел како супервизор, тренер и консултант за Обединетите нации во Хрватска и во странство (UNICEF и UN WOMAN)
Контакт: +3859111141112
E-mail: duganv@gmail.com

СОРАБОТКИ

СВЕЖИ НОВОСТИ

Новости

НАШИ ФОТОГРАФИИ

Галерија