За нас

За нас

ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР Младен Костиќ-АСПЕКТИ, Скопје е основано во Јануари 2010 година.

Претседател:  м-р Снежана Андреева, магистер по клиничка психологија, Гешталт психотерапевт

Заменик претседател: м-р Радмила Манчевска магистер по клиничка психологија,   Гешталт психотерапевт и Лидија Попчева, психолог/ Гешталт психотерапевт.

Во Март 2013 година регистрирана е подружница за Источниот дел на Македонија со седиште во Кочани: АСПЕКТИ–ИСТОК,

Oдговорно лице:  м-р Радмила Манчевска, психолог/гешталт терапевт

2014 Тренинг Институтот беше акредитиран од Европската Асоцијација за Гешталт Терапија (ЕАГТ) и стана полноправен член на Европската асоцијација.

2018 започна едукативна група за Гешталт советување и психотерапија во Западниот регион на нашата земја, поточно во Тетово во организација на м-р Сема Халили, гешталт психотерапевт.

2023 година е реакредитирана програмата за едукација и тренинг на Тренинг Институтот на ГЦ МК АСПЕКТИ од страна на ЕАГТ.

Која беше главната мотивација за основање на нашата ГО?

Потребата да им се помогне на граѓаните во промена на свесноста за себе и за другите во насока на подобрување на менталното здравје, преку усвојување на креативни начини на адаптација во услови на брзи општествено-економски промени во заедницата со хуманистички и едукативен пристап.

Која е визијата на нашата ГО?

Нашата визија е да помогнеме во градење и развивање на општествена заедница во која ќе преовладува соживот, меѓусебна толеранција, прифаќање едни со други, разбирање, вреднување, толеранција и отсуство од се каков вид дискримјинација (вера, раса, етникум, пол, род, сексуална ориентација, хендикеп и др.).

Која е мисијата на нашата ГО?

Нашите професионалци (психолози, советници и психотерапевти), членови и волонтери на нашата ГО  се насочени кон грижа и превенција на психосоцијалното здравје на граѓаните во надминување на секојдневните животни кризи. Активностите се насочени кон едукација, психолошкото советување и психотерапија со поединци и групи, во насока на превенција и унапредување на менталното здравје.

10 клучни вредности кои ние ги практикуваме и промовираме:

  1. Хуманистички пристап кон личноста
  2. Почитување и толеранција на различноста и индивидуалноста
  3. Прифаќање и разбирање на личноста
  4. Почитување на право за дискреција на лични иформации
  5. Отвореност, јасност и дирекност во комуникација
  6. Емпатија и сочувство
  7. Секој има право да бара и добие психосоцијална поддршка и помош
  8. Поттикнување за личен раст и развој
  9. Унапредување на професионалната компетентност
  10. Промовирање на психолошките практични знаења и вештини

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *