aspekti.mk

ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА ПСИХОДИЈАГНОСТИКА

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АСПЕКТИ – ИНСТИТУТ ЗА КРЕАТИВЕН РАЗВОЈ ЕДУКАЦИЈА И ПСИХОТЕРАПИЈА

Обуката за Психодијагностика – примена на психодијагностички тестови, техники и задачи, наменета е за дипломирани психолози, студенти по психологија кои се во завршна години од студирањето, психолози кои се вработени и сакаат да го усовршат своето знаење во областа на клиничката психологија и психодијагностиката, психолози кои сакаат да работат психотерапија, а кои имале малку пракса или воопшто немале пракса од клиничка психологија и психодијагностика.

Психодијагностиката е гранка на клиничката психологија која се занимава со испитување на поединецот (случај) со помош на психолошки средства: разговор, тестови, техники, скали, како и психолошка процена на состојбата и способностите на личноста врз основа на постигнатите резултати и стручната интерпретација. Со психодијагностиката се испитуваат психолошките особини кои се карактеристични за индивидуалната, групната и социјалната патологија и е еден од начините за проценување и испитување на психопатологијата. Психодијагностиката во голема мерка придонесува за критично разграничување на релација: нормална-патолошка состојба, или однесување. Таа е и погодно помошно средство во давање на проценка, и е најопфатен и најкомплексен начин за психолошко испитување на поединецот. Централен поим во психодијагностиката е личноста, кој го опфаќа однесувањето на поединецот, структурата, феноменологијата и динамиката на личноста, во контекст на микросредината, општеството и културата.

Во текот на едукацијата едукантите ќе се стекнат со искуство и знаење за примена и интерпретација на добиените резултати со помош на психолошки тестови, техники и задачи (проценка на психоорганицитет, проценка на психопатологијата, проценка на личноста на испитаникот), како и ќе се здобијат со знаење и искуство во пишување на Психолошки наод и мислење за клиенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *